(Видео) Роналдо не ја допре топката за првиот гол против Уругвај, потврди ФИФА - Голот запишан на Фернандеш
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/29/22 1:32 PM

(Видео) Роналдо не ја допре топката за првиот гол против Уругвај, потврди ФИФА – Голот запишан на Фернандеш

Светската фудбалска асоцијација, потврди дека Кристијано Роналдо не ја допрел топката при првиот гол против Уругвај. Податоците од сензорот поставен во топката потврдија дека португалскиот напаѓач не ја допрел истата во моментот при првиот гол на тимот против Уругвај (2:0), пренесува ESPN, повикувајќи се на ФИФА и Адидас, кои произведуваат топки за Светското првенство.

https://www.youtube.com/watch?v=ITtN9rgqHOY

– Благодарение на технологијата на Адидас, можеме со сигурност да кажеме дека Кристијано Роналдо не ја допре топката со глава во моментот на првиот гол. Надворешната сила во тој момент не делуваше на топката. На ова укажува отсуството на флуктуации во нашите мерења. Сензорот „IMU“ од 500 Hz сместен во внатрешноста на топката ни овозможува да бидеме многу прецизни во оваа анализа, се вели во соопштението на ФИФА за ESPN.

Секоја топка употребена на Светското првенство во 2022 година има сензор што го доловува секој допир на играчите. Оваа технологија беше воведена за „да помогне во откривањето на офсајди, како и неочигледни допири“.

Репрезентацијата на Португалија во 54. минута го отвори резултатот на натпреварот против Уругвај. Најпрвин голот му беше запишан на Роналдо, но подоцна се покажа дека 37-годишниот најверојатно не ја допрел топката со глава.

Затоа, погодокот беше препишана до Бруно Фернандеш, кој го изведе додавањето во шеснаесетникот.

Беше објавено дека Португалија ќе испрати докази до ФИФА дека Роналдо е автор на овој гол. Напаѓачот е сигурен дека ја допрел топката.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7