Професор давал испитни прашања на студентки во замена за разголени фотографии - Обелоденет голем скандал на виша медицинска школа во Белгија
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/29/22 1:14 PM

Професор давал испитни прашања на студентки во замена за разголени фотографии – Обелоденет голем скандал на виша медицинска школа во Белгија

Медиумите во Белгија обелоденија дека професор во виша школа за медицински сестри близу Антверпен им ветувал на студентките испитни прашања во замена за голи слики.

Неколку од студентките го пријавиле однесувањето на професорот.

Според пријавите тој тоа го правел преку апликацијата Снепчет. Според сведочењата истиот професор имал сексуални односи со некои студентки во подрумот од школото.

Студентките алармирале за проблемот уште во септември, тие поднеле и докази за однесувањето на професорот, слики и пораки кои тој ги испраќал. Школото сè уште води истрага, два месеца откако се поднесени првите пријави.

Белгиските медиуми пишуваат дека професорот е познат во областа на негата и менталното здравје на здравствените работници.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7