Четири лица повредени вечерва во тешка сообраќајка кај пехчевското село Чифлик
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/28/22 8:38 PM

Четири лица повредени вечерва во тешка сообраќајка кај пехчевското село Чифлик

Четири лица се потешко повредени во сообраќајна несреќа помеѓу две возила кај пехчевското село Чифлик.

Несреќата се случила околу 18:00 часот помеѓу фиат пунто и хјундаи галопер, а веднаш по дојавата интервенирала единицата на Територијалната противпожарна единица од Берово.

-Дојавата за сообраќајката ја примивме околу 18:10 часот по што тројца пожарникари со едно возило се упати на лице место  Интервенирано е со хидрауличен алат за да може да биде изваден еден од возачите кој се наоѓаше во возилото фиат пунто кој потоа го предадовме на службите на Итната медицинска помош, информираше командирот на ТППЕ Берово, Сашко Руменовски.

Возачот на автомобилот фиат пунто заедно со останатите повредени се транспортирани до најблиските клинички центри, потврдија од Итната медицинска помош во Берово.

Увид на местото на несреќата извршила екипа на МВР Берово.

МИА

Фото: Делчево365


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7