Пет лица повредени во тешка сообраќајка на патото Пробиштип-Кратово
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/28/22 2:21 PM

Пет лица повредени во тешка сообраќајка на патото Пробиштип-Кратово

Пет лица се повредени во сообраќјната несреќа, која се случи околу 12.20 часот кај местото викано Перово долче на патот Пробиштип-Кратово.

Според првичните информации од СВР-Штип, едно возило излетало од коловозот, во кое се превезувале пет лица, од нив четворица се хоспитализирани во Кратово, а едно лице во болницата во Куманово.

Увидот од страна на истражните органи се уште се одвива, за да се утврдат причините за несреќата. Патот Пробиштип-Кратово од 13:15 часот е пуштен за сообраќај.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7