Од ноќеска на полноќ поевтинуваат бензините и дизелот
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/28/22 1:52 PM

Од ноќеска на полноќ поевтинуваат бензините и дизелот

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се намалуваат за два денара, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 1,50, а на Екстра лесното масло за домаќинство за еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС 95 е 84,50 денари, на ЕУРОСУПЕР БС – 98 е 86,50, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава за 86,50, а Маслот за горење Екстра лесно за 82,50 денари за литар.

За 0,027 денари поскапува Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 41,810 денари за килограм.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7