Маск се заканува дека ќе создаде алтернативен телефон доколку Apple и Google ја забранат апликацијата Twitter
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/28/22 6:11 PM

Маск се заканува дека ќе создаде алтернативен телефон доколку Apple и Google ја забранат апликацијата Twitter

Се интензивираат шпекулциите  дека Твитер би можел да биде отстранет од популарната услуга за продажба на апликации особено по бројните промени кои следеа од преземањето на Твитер од Маск.

Покрај тоа, самиот милијардер често се жали дека таксите и провизиите што Apple и Google ги бараат за програмерите и компаниите кои нудат апликации во нивните продавници се превисоки.

„Навистина се надевам дека нема да дојде до тоа, но ако нема друг избор, ќе создадам алтернативен телефон“, напиша Маск во еден од неговите твитови.

Apple App Store и Google Play Store наплаќаат провизија од 15 до 30 проценти за секое купување, како и за сите трансакции во апликацијата. Ова предизвикува големо незадоволство кај програмерите кои веруваат дека Apple и Google ја користат својата доминантна позиција на пазарот и наметнуваат свои правила. Поради ваквите потези, во изминатиот период веќе беа поднесени бројни тужби против овие компании.

Маск сака да ги зголеми приходите преку претплати на својата социјална мрежа. Проблемот е што поради правилата на „Гугл“ и „Епл“ за продажба во апликации, до 30 проценти од тие заработки ќе мора да одат директно на „Гугл“ и „Епл“.

Милијардерот би можел да одлучи да ги заобиколи таквите правила, принудувајќи ги гигантите да го отстранат Твитер од нивните продавници за апликации. Во таа ситуација, Маск би можел да одлучи да развие свој алтернативен телефон.

izvor-b92.net


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7