Што ти значи култура! Јапонците го одушевија светот во Катар со хигиената
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/26/22 6:04 PM

Што ти значи култура! Јапонците го одушевија светот во Катар со хигиената

Сликите од соблекувалната и трибините кои Јапонците ги оставија во беспрекорна состојба, како што тоа го правеа и пред четири години во Русија, предизвикуваат восхит на социјалните мрежи и на ова Светско првенство во Катар, пишува францускиот весник Паризиен.

Осврнувајќи се на беспрекорната хигиена која зад себе ја оставаат јапонските фудбалери и навивачи, весникот истакнува дека тоа може да се објасни со културни и верски причини.

ФИФА објави на својот Твитер профил фотографија која сведочи за хигиената во јапонската соблекувална по дуелот против Германија на стадионот „Калифа“ во Доха.


 

-Би можеле слободно да јадеме од подот кој сјае без најмала тронка нечистотија. Столиците и клупите се беспрекорно чисти, внимателно здиплени пешкири на еден стол, понекое дискретно оригами и зборови благодарност, пренесува Паризиен, кој како и сите медиуми во Франција будно го следи Мундијалот во Катар на кој Триколорите ја бранат светската титула од пред четири години во Русија.
МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7