„Бугарија е до Охридско Езеро“, рече Костадинов - „Тој не треба да доаѓа тука, не е пожелен“, рече премиерот Ковачевски
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/26/22 2:31 PM

„Бугарија е до Охридско Езеро“, рече Костадинов – „Тој не треба да доаѓа тука, не е пожелен“, рече премиерот Ковачевски

На денешната средба со новинаритре во Штип премиерот Димитар Ковачевски беше прашан и за изјавата на Костадин Костадинов дека „Бугарија е од Црно Море до Охридско Езеро“.

Ковачевски за ова рече:

-Јас сакам да го осудам. Непримерно е човек, кој е дојден како гостин во државава да се однесува на ваков начин. Вчера се отвори култерен центар во Скопје, така како што личи, како што и ние ќе отвориме во Благоевград, како што има во Софија. Такви политичари, како тој вчера, а има уште еден, кој на мене ми правеше видеа, воопшто не се пожелни во дражаваа. Шират немир и нетрпение меѓу граѓаните на двете држави само заради свој политички интерес. Тие немаат никаква друга агенда освен да добиваат ситни политички поени на провокација на чувствата на нашите граѓани. Такви политичари воопшто не се пожелни и воопшто не треба да доаѓаат тука, рече Ковачевски.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7