Правел лажна свадба само од гостите да собере пари, па ја истепал невестата и побегнал без да плати во ресторанот
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/26/22 8:44 PM

Правел лажна свадба само од гостите да собере пари, па ја истепал невестата и побегнал без да плати во ресторанот

Светски познатиот модел Карло Швоња и неговата нова сопруга, исто така манекенката Емилија Селаковиќ, ја направиле измамата на векот.

Тие двајца претходниот викенд организирале венчавка во центарот за настани во Белград, а сметката од околу 15.000 евра не ја платиле, како што тврди сопственикот на компанијата за организирање свадби.
Случајот бил пријавен во полиција, а оштетените поднеле приватна тужба против младенците. Гала свадбената церемонија била организирана како што доликува, а кога требало да се плати сметката, манекените исчезнале без трага.

Ова за српски Курир го раскажала сопственичката на фирмата за организација на венчавки.

-Брука и срам, на што се спремни некои. Тоа е разработена измама. Оштетени сме за над 15.000 евра. Ресторан за милион и десет илјади динари, фотографи и видео продукција за 200.000 динари, украси за 60.000 динари, свадбена торта за 70.000 динари, пиротехника за 50.000 динари. Музиката беше само бакшиш. И луѓето кои го извршиле трансферот биле измамени, бидејќи младоженецот е од Далмација, па превозот бил организиран од Хрватска до Белград и не им бил платен. Венчаницата не била платена, но ниту вратена. Има писмена трага и договори за се, како и фактури. Случајот е пријавен во полиција, која направи пријава, а ние поднесовме и тужба против Швоња и неговата сопруга, кои исто така се потписници на договорот – вели сопственичката на компанијата.
Според неа, младоженецот наводно ја претепал невестата по свадбената церемонија.

-Верувајте дека сме во шок. По венчавката, младенците и неколку гости заминале на сплав, каде ја продолжиле веселбата. Таму се случил инцидент. Наводно, младоженецот ја претепал невестата, а обезбедувањето го избркало. Невестата заминала во непознат правец, а младоженецот се вратил во нашиот објект. Таму имаа свој апартман во кој спиела мајката на невестата. Тој отишол во својата соба и спиел, а утрото кога дошла невестата и кажала на мајка си дека се разведува, дека се е лага и дека свадбата не е вистинска. Жената била во шок, плачела со часови. Сето тоа било лага за да ги измами луѓето и роднините за подароци, или пликови, но и нашата фирма – заклучува нашиот соговорник.
Асоцијацијата на Ивент Индустри на Србија  ги повика сите компании кои учествуваа во реализацијата на оваа свадба да контактираат со нив за да го формираат целиот предмет и да ги заштитат своите членови.

ИЗвор: Курир.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7