Маж отвори оган во трговски центар во јужниот руски град Кримск, пренесоа руските агенции, повикувајќи се на локалната полиција.
Четири лица загинаа во престрелка во близина на трговски центар во Русија.
Руската агенција ТАСС објави дека меѓу четворицата загинати е и напаѓачот, кој се самоуби по нападот.
Ве предупредуваме дека видеото има вознемирувачка содржина.
Кримск е мал град во јужната руска Краснодарска територија во близина на полуостровот Крим, кој Русија еднострано го анектираше од Украина во 2014 година.
Вознемирувачка содржина! Погледнете го видеото ТУКА.
Извор: Србија данас
Фото: Принтскрин видео