(Видео) „Ова не е вежба, бегајте“ - Мараја Кери ја исмејале за настапот на плејбек
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/25/22 1:09 PM

(Видео) „Ова не е вежба, бегајте“ – Мараја Кери ја исмејале за настапот на плејбек

Пејачката Мараја Кери стана предмет на потсмев на социјалните мрежи по настапот на американската парада за Денот на благодарноста.

Самопрогласената кралица на Божиќ настапи на традиционалната парада за Денот на благодарноста која секоја година ја организира стоковната куќа Мејси на улиците на Менхетен, а пејачката се појави во прекрасен розов фустан со чадор и го испеа својот божиќен хит All I Want For Christmas.

https://www.youtube.com/watch?v=PVJYcs-MhdA&t=16s

Но, на социјалните мрежи ја нападнаа дека пее на плејбек. Напишаа дека Кери покажала страшна енергија додека стоела „како даска“ за време на настапот, а потоа ја критикувале  за несинхронизирањето отворање на устата со плејбекот.

„Ова е грозно“, напишал еден обожавател.

„Луѓе, ова не е вежба. Мараја Кери излегла од хибернација,  бегајте“, додаде друг.

Извор: Индекс.хр

Фото: Принтскрин Јутјуб


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7