Џенифер Лопез исчезна! Милиони следбеници на социјалните мрежи во шок
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/25/22 12:35 PM

Џенифер Лопез исчезна! Милиони следбеници на социјалните мрежи во шок

Популарната актерка и пејачка Џенифер Лопез ги загрижи обожавателите.

Таа ги избриша сите објави од својот Инстаграм и сликата на профилот ја замени со слика со црн круг
Иако на социјалните мрежи на Џенифер Лопез нема објаснување што се случува, ѕвездата ги избриша сите свои објави на Инстаграм. Овој потег го забележале сите 226 милиони нејзини следбеници, кои се прашуваат што се случило.
Нема објави, а профилната слика е црн круг.

Маркетинг или нешто се друго се случува?

Една од теориите е дека Џенифер Лопез се подготвува за нов проект. Ова често се случува кога уметникот треба да објави масовна најава за проект кој бара внимание од обожавателите. Сè уште не е јасно дали ова се однесува на музика, филм, телевизија или нешто сосема друго.

Фејсбук, ТикТок и Твитер сметките на ѕвездата остануваат и луѓето сè уште можат да објавуваат коментари. Таму многу нејзини обожаватели се прашуваат зошто Џеј Ло го направила овој потег на Инстаграм.

На почетокот на оваа недела, Џенифер објави слатко видео на ТикТок на кое се гледа како се гушка со својот сопруг Бен Афлек.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7