(Видео) Се сеќавате ли на „москвич“? Му се смеевме во бивша Југославија, но погледнете како изгледа новиот, ќе се продава од идната година
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/25/22 10:55 AM

(Видео) Се сеќавате ли на „москвич“? Му се смеевме во бивша Југославија, но погледнете како изгледа новиот, ќе се продава од идната година

Во бивша Југославија скоро секој втор автомобил беше тогаш популарниот  „москвич“.

Но, со распаѓање на државата, го снема и автомобилот,  кој сега го зборуваме само во хумористични сеќавања.

Но, за љубителите на овој автомобил доаѓа убава вест.

Производството на „москвич“ повторно започна во Москва, во фабрика чиј поранешен сопственик е Рено, кој ја напушти Русија по агресијата на таа земја врз Украина.
Првиот автомобил што излета од производствената лента беше кросоверот „москвич 3“. Неговото производство официјално беше промовирано од градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин и рускиот министер за индустрија и трговија, Денис Мантуров.

Повеќе детали за ова возило, кое во основа ги претставува преобликуваните модели на кинескиот производител ЈАЦ, ќе бидат познати наскоро.
Продажбата на „москвич“ ќе започне во јануари 2023 година, а од март овој автомобил ќе биде достапен за клиентите ширум Русија, пишува РТ, а пренесува б92.

Очекувано, компанијата ќе обезбеди работа за околу 40 илјади луѓе.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7