Се убил со својата 17-годишна љубовница! Трагедии на потомците на богатите и моќни семејства
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/24/22 7:00 PM

Се убил со својата 17-годишна љубовница! Трагедии на потомците на богатите и моќни семејства

Познатите светски фамилии до славата, моќта и богатството стигнувале на различни начини, но тие околности не ги сочувале од страшните животни несреќи и трагедии во кои се изгубени многу животи.

Семејство Ли

Мајсторот на боречки вештини Брус Ли во 1973 година не ја дочека премиерата на своето ремек дело „Во гнездото на земјот’’. Тој починал 6 дена порано, на 33 години. Службената причина за смртта била алергиска реакција предизвикана од мешање на ТХЦ кој се наоѓал во неговото тело и аналгетици кои поради главоболка му ги дала актерката Бети Тинг Пеи, но прераната смрт на Ли поттикнала многу теории на заговор кои виновниците ги барале во кинеските тријади и италијаската мафија.

Дваесет години подоцна 28 годишниот син на Брус, Бреднон Ли го загубил животот во бизарна несреќа на снимањето на филмот „Врана“. Брендон си пукал во стомакот со пиштол во кој случајно се нашол вистински куршум. Теоретичарите на заговори оваа случајност повторно ја препишале на кинеските тријади и италијанската мафија.

Династија Хабзбург

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Habsburg dynasty (@habsburg_dynasty)


Фамилијата Хабзбург, чија историја траела околу 6 века, била една од најважните кралски династии во Европа, а моќта и парите кои се труделе да ги задржат во кругот на семејството довело до некои трагични проблеми.

Со женењето со својата роднина Елизабета од Баварија, австрискиот цар Франц Џозеф на своето потомство му обезбедил склоност кон ментални болести, со кои фамилијата на Елизабета била преполна. Тоа се препишува и на прераната смрт на Рудолф, неговиот единствен син и наследник на престолот, кој со својата 17 годишна љубовница Мери Вечер си го одзел животот во 1889 година во неговиот ловечки дом. Од друга позиција во редот за наследување, престолот го превзема Франц Фердинанд, чиј татко Карл Лудвиг, помлад брат на Франц Јозеф први, се одрекол од своето првенство во корист на синот. Франц Фердинанд се науживал со патувања ширум светот, а животот го завршил во Сараево во 1914 година, во атентат кој ја придвижил Првата светска војна.

Семејство Брандо

Трагедиите во фамилијата Брандо почнале со Марлоновата прва сопруга Ана Кашфи, која после раѓањето на нивниот син Кристијан сатанала зависна од алкохол и дрога. Во 1990 година во дневниот престој на Марлоновата куќа на Беверли Хилс го убива Даг Дролет, љубовник на својата полусестра Чејен. Од десетгодишната казна која и е пресудена за убиство со умисла, таа во затвор поминала шест години.

Една година пред да биде пуштена на слобода, Чејен извршила самоубиство поради депресија од која не можела да излезе по смртта на Дролет. Таа имала само 25 години. Самиот Кристијан починал од воспаление на белите дробови во 2008 година , на 49 годишна возраст.

Фамилија  Рокфелер

Богатството на фамилијата Рокфелер почнува да се насобира во 1870 кога Џон Рокфелер основал нафтена компанија „Стандард Оил“, но големото богатство не ги заштитило од низа трагедии кои ги погодиле. Прва од нив се случила на полетокот на 1951 година, кога Винифред Рокфелер Емени си го одзел својот и животот на своите две деца. Лошата среќа го следела и Мајкл Рокфелер на експедиција во Нова Гвинеја во 1961 година. Прераната смрт го стигнала  кога тргнал да бара помош за превртениот брод на кој пловел со холандскиот антрополог Рене Васингом. Телото никогаш не му е пронајдено,а  се претпоставува дека се удавил од исцрпеност, дека го нападнало морско куче или крокодил, но и дека го убиле и го изеле канибали.

Мајкл бил петто дете на Нелсон Рокфелер, поранешен гувернер на Њујорк чија смрт во 1979 година исто така предизвилкала контроверзи.Иако најпрво се зборувало дека умрел од срцев удар во својата канцеларија,подоцна е обајвено дека тогаш 70 годишникот  умрел во својата канцеларија, во која бил со неговата 25 годишна помошничка.

Нелсонвиот постар брат Џон Дејвисон Рокфелер загинал во сообраќајна несреќа во Њујорк, една година порано.Последниот трагичен случај на ова семејство се случило во 2014 година кога пилотирајќи со авион над Њујорк, животот  го изгубил лекарот Ричард Рокфелер.

Семејство Хемингвеј

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ernest Hemingway (@earnest.hemingway)

Ернест Хемингвеј, голем американски писател, останал најпознат по своите дела кои се занимаваат со проблемите на војната, смртта, храброста и љубовта.Поголемиот дел ги пишувал врз основа на свое лично искуство, додека полуавтобиографскиот роман „Збогум оружје“ останал еден од најзначајните.

Иронијата на судбината, довела до тоа да животот на Хемингвеј се заврши со пукање од пушка, но не на некој од фронтовите во кој учествувал, туку од сопствена рака. Славниот писател пател од тешки депресии поради кои си пресудил себеси во 1961 година кога имал 62 години. Трагедиите во оваа фамилија продоложиле да се нижат, a неговата сестра Урсула, која и самата патела од депресија, се предозирала пет години после самоубиството на братот, за да единаесет години подоцна на себе пукал и нивниот брат Лестер, одкако дознал дека поради дијабет ќе остане без двете нозе.

Извор: Курир.рс

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7