Маж од Корча дошол на гости во Охрид, па ја натепал домаќинката, полицијата го протерала
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/24/22 2:09 PM

Маж од Корча дошол на гости во Охрид, па ја натепал домаќинката, полицијата го протерала

Маж од Корча, Албанија, со сопругата дошол во Лескоец, охридско, па ја натепал сопругата. Полицијата го депортирала за Албанија, и добил две години забрана за влез во државава.

-На 23.11.2022 година во 11.10 часот во СВР Охрид приведен е У.Ш..(32) од Корча, Република Албанија. Тој, претходно, во куќа во охридското село Лескоец, сопственост на С.В., агресивно се однесувал по што фрлил тврд предмет кон неговата сопруга и ја повредил. По поднесена пријава, од страна на Основниот суд во Охрид изречена му е мерка ,,протерување на странец од земјата“ во траење од две години, по што е споведен до граничниот премин „Ќафасан“, информираат од СВР Охрид.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7