(Видео) Андре Риу ја крена публиката на нозе, овации и аплауз за „Македонско девојче“
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/24/22 9:04 AM

(Видео) Андре Риу ја крена публиката на нозе, овации и аплауз за „Македонско девојче“

Со „Македонско девојче“ холандскиот виртуоз на виолина и диригент вчера вечерта два пати ја крена публиката на нозе на концертот, кој се одржа во арената „Борис Трајковски“.

По пауза од три години ова светски познато име  по втор пат ја воодушевува македонската публикат, но и од соседните држави.

Самиот тој ги праша дали сите се од Скопје, а кога виде дека не се, тогаш со кревање раце дозна и тој и публиката во салата кој од каде е.

„Добро вечер“ им се обрати тој на почетокот и призна дека „тоа е единственото што го знае на македонски јазик“.  Но, љубовта кон музиката на сите им е заедничка и затоа сите, кој од каде и да беше, подеднакво уживаше во неговиот спектакл и светски перформанс.

„Одете си дома“, и велеше тој на публиката неколку пати, но таа инсистураше на уште и уште.

И секако за крај „Македонско девојче“ уште еднаш  за ќејф на расположената публика која го поддржуваше од почеток до крај и која заминувајќи повторуваше „алал да му е“.

Андре беше дочекан и испратен со овации и за него и за неговиот  60-член оркестар „Јохан Штраус”, кој го добил името по неговиот омилен композитор. А како и нема да е кога публиката ја натера да заигра валцер, да се смее и да ужива во нешто несекојдневно.

Весна Миленковска

Фото: Вангел Тануровски


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7