(Видео) Германските фудбалери си ги покрија устата во Катар, па изгубија од Јапонија
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/23/22 4:46 PM

(Видео) Германските фудбалери си ги покрија устата во Катар, па изгубија од Јапонија

Германските фудбалски репрезентативци со рацете ги покрија своите усти за време на групното фотографирање пред денешниот натпревар на Светското првенство во Катар против Јапонија, одговарајќи на тој начин на заканите од ФИФА за санкции поради капитенските ленти со натписот „Една љубов“ (One love).

Сите германски играчи се приклучија кон гестот пред десетици фоторепортери пред воведниот натпревар во групата Е во Доха, откако ФИФА им се закани со санкции на седум европски репрезентации доколку нивните капитени ја стават на рацете лентата која симболизира различност и толеранција.

Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер, која беше во свечената ложа на стадионот покрај претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, носеше таква лента додека разговараше со фудбалските моќници.

Претходно таа изнесе критики на адреса на ФИФА, истакнувајќи оти заканите со санкции е погрешно и неприфатливо однесување.


-Ова не е во ред. Во денешно време е несфатливо ФИФА да не сака луѓето отворено да се залагаат за толеранција и против дискриминација, рече Фезер.

Овој меч се покажа кобен за Германија, изгуби од Јапонија, која сите ја нарекоа сензација.

Четвртиот ден на Светското првенство во Катар донесе уште еден сензационален по раз на фаворит за титулата, откако Јапонија попладнево со пресврт ја совлада Германија со 2-1 (0-1) во рамки на првиот натпревар во групата Е.

Германската репрезентација поведе на стадионот „Калифа интернешнл“ во Доха преку Гундоган од пенал во 33 минута.

Израмнувањето дојде во 75 минута преку напаѓачот на бундеслигашот Фрајбург, Ритсу Доан, а целосен резултатски пресврт за голема победа на Јапонија донесе уште еден бундеслигашки фудбалер, Такума Асано од Бохум, со прецизен удар во 83 минута.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7