Во ЕУ стапува на сила забраната за ароматизиран загреан тутун
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/23/22 1:08 PM

Во ЕУ стапува на сила забраната за ароматизиран загреан тутун

Од денеска ароматизираните загреани тутунски производи се забранети во ЕУ.

Европската комисија ја поздрави забраната како добар одговор на зголемениот обем на продадени производи од овој вид ширум ЕУ, и смета дека ова ќе помогне во европскиот план за борба против ракот.

Целта на планот е до 2040 година помалку од пет отсто од населението да консумира тутун и тутунски производи.

Според еврокомесарката за здравство, Стела Кириакидес, тутунот предизвикува 90 отсто од раковите на белите дробови.

„Благодарение на забраната нашите граѓани и посебно младите ќе бидат подобро заштитени од штетните ефекти на овие производи,“ рече Кириакидес.

Земјите членки на ЕУ имаат осум месеци да ја преточат забраната во домашното законодавство. Пред 23 октомври другата година треба да се исцрпат сите залихи на овој вид тутунски производи и новите правила да важат во цела ЕУ.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7