(Видео) „Ниту една песна не сум ја чувал толку долго“ - Бобан Рајовиќ крчка и нешто македонско
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/22/22 10:51 PM

(Видео) „Ниту една песна не сум ја чувал толку долго“ – Бобан Рајовиќ крчка и нешто македонско

Омилениот пејач на нашиот репрезентативец Елиф Елмас – или едно од најпознатите музички имиња од соседството Бобан Рајовиќ има нова песна со наслов „Недељом“, која всушност е повеќе од песна, а спотот е чист доказ за неговата храброст.

Во видеото какво што досега не снимил ниту еден машки изведувач во регионот Рајовиќ е гол, но до појасот – и има одлична причина за тоа.

„Ниту една песна не сум ја чувал толку долго колку оваа балада, но ова е повеќе од тоа. Повеќе од песна, и имам само една желба поврзана со неа – да погледнете под површината, да гребнете под неа. Ова сум јас, ова е мојата душа, ова е мојата емоција. Ова не е маркетинг. Сакам да ја слушате песната, но, пред сѐ, сакам да ја разберете“, вели Бобан, кој во цел спот е само во еден кадар со единствена цел – акцент на емоцијата, а не на осмислени сцени и актери.

 

Но тоа не е единствената причина заради која Рајовиќ сака да ѝ се обрати на македонската публика. „Оваа песна е чиста емоција, а следната ќе биде исполнување на мојата дамнешна желба. Желбата да снимам љубовна песна во која се споменува Македонка или самата Македонија, одамна посакувам да ја остварам, првенствено затоа што за вашата земја ме врзуваат многу убави спомени. Затоа наскоро, освен моја авторска песна за Македонија во етерот во план сум да пуштам и обработка на една стара македонска песна. Се надевам дека Македонија ќе ја препознае мојата емоција која е искрена, вели Рајовиќ, кој е голем пријател и со нашиот репрезентативец Елиф Елмас, кому пак пејачот му е омилен и чии хитови редовно се пеат после победите.

Меѓу најпознатите песни на Бобан се големиот хит „Усне боје вина“, „Косачи“, „Откажи“, дуетот со Џеј „Хеј животе друже“, „Километри љубави“ со Иван Зак…


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7