(Видео) „Многу боли“ - Аргентина во шок, навивачите на Саудиска Арабија паднаа во несвест
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/22/22 2:42 PM

(Видео) „Многу боли“ – Аргентина во шок, навивачите на Саудиска Арабија паднаа во несвест

 

Третиот натпреварувачки ден на фудбалскиот Мундијал во Катар го донесе првото големо изненадување.

Саудиска Арабија ја победи Аргентина која беше вбројувана помеѓу најголемите фаворити за трофејот.

Иако Аргентинците преку Лионел Меси први дојдоа во водство по само 10 минути игра, аутсајдерот направи целосен пресврт во второто полувреме со погодоците на Ал Шери во 48-та и Ал Dавашари пет минути подоцна.

При резултат 1:0 за Аргентина „гаучосите“ постигнаа уште три гола, но сите беа поништени поради „офсајд“. Серијата без пораз на Аргентина заврши по 36 натпревари. Тимот беше на еден натпревар од рекордот на Италија.


 

Избраниците на селекторот Лионел Скалони денес загубија од Саудиска Арабија во 1. коло од групната фаза на Светското првенство (1:2). Така, серијата без пораз на јужноамериканскиот тим се заокружи на 36 натпревари. Аргентина не успеа да го достигне рекордот на Италија од 37 натпревари без пораз меѓу септември 2018 и октомври 2021 година.

Аргентина го загуби првиот натпревар на Светското првенство за прв пат по 1990 година.Тогаш „Гаучосите“ загубија од Камерун (0:1).

Следниот натпревар Аргентинците ќе го одржат на 26 ноември против Мексико.

Лаутаро Мартинез е разочаран по поразот на Аргентина во првиот натпревар.

– Загубивме поради грешките направени во вториот дел. Ваквите детали ја прават разликата. Мора да ги исправиме грешките. Требаше да постигнеме повеќе од еден гол во првото полувреме. Многу болно. Навистина сакавме да го започнеме Светското првенство со победа. Но, сето ова веќе се случи. Сега треба да тренираме и да размислиме што ни претстои. Ова е Светско првенство, па останатите два натпревара во групата за нас се две финалиња, изјави напаѓачот на аргентинската репрезентација по денешниот поразот од Саудиска Арабија (1:2).

Во следниот натпревар на Светското првенство Аргентина ќе игра со Мексико на 26 ноември.

А како славеа победничките навивачи погледнете во видеото:

МИА
Фото: Принтсрин Твитер видео


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7