„Оди ваква во Катар и ќе добиеш 15 години затвор“ - Бујна девојка навива за Хрватска
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/22/22 10:00 PM

„Оди ваква во Катар и ќе добиеш 15 години затвор“ – Бујна девојка навива за Хрватска

Светското првенство во Катар и официјално започна.

-Може ли да те мотивирам да почнеш да навиваш за Хрватска? Ќе се обидам, напиша Клаудија Ривиер (25), словенска инфлуенсерка со загребска адреса.
Градите најчесто се во преден план, а така беше и со фотографијата во минијатурно бикини со хрватската шаховница.

Иако најмногу ја пофалија нејзината убавина, имаше и коментари кои ја потсетија на строгоста на Катар, во која се одржува годинашното СП.
– Па, можеш да навиваш за Хрватска, но во својата земја. Затоа што во Катар со таа облека ќе одиш во затвор 15 години – ѝ напишал еден следбеник, а друг додал:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Claudia Rivier (@claudiarivier)


-Не ми е баш гајле за фудбалот, но со вакви ’аргументи’ можам да навивам и за Хрватска!

Со оглед на тоа што постојано се коментираше дали градите на Клаудија се вистински или не, таа на крајот на јуни направи ултразвук и како доказ ги прикачи наодите.
– Сето тоа со цел да се разоткрие горчливата вистина, дали моите гради се природни или не, односно дали се зголемени со некој од методите за зголемување на градите – изјави тогаш таа.

Докторот кој ја прегледал рекол дека се работи за природна дојка.
– Тоа се здрави и нормални гради во кои нема силикон или липотрансфер. Градите се уредни и здрави, имаат сврзно ткиво и сало, а нема никакви зголемувања. И се е природно „како од мајка родено“ – открил докторката при прегледот.

На Инстаграм ја следат повеќе од 620.000 луѓе, а фотографиите со облини се главниот адут на нејзиниот профил на социјалните мрежи.

Извор: 24сата.хр

Фото: Инстаграм


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7