Светското првенство во фудбал започна во Катар и ги собра некои од најдобрите спортисти во светот.
Покрај тоа што се истакнуваат на теренот, фудбалерите отсекогаш важеле за одлични момци по кои жените воздивнуваат.
Тие се талентирани и успешни, а изгледаат фантастично. Веруваме дека многумина ќе сакаат некои од овие играчи да постигнат гол за да можат да ги соблечат дресовите и да ги покажат стомачните мускули.
Ова се некои од најдобрите момци кои ќе ги гледаме во Катар во наредните денови.
Матс Хумелс
View this post on Instagram
Матс игра за германската репрезентација и клубот Борусија Дортмунд. И тој е тазе разведен – во јули годинава се раздели од водителката Кети во која беше вљубен 14 години.
Родриго де Пол
View this post on Instagram
Згодниот Аргентинец игра за Атлетико Мадрид, а неодамна беше и во љубовна врска. Ова лето тој заврши на суд со поранешната сопруга Камила Холмс, поради битката за старателство над нивните деца. Инаку, тие се разведоа поради неговото изневерување.
Кевин Трап
View this post on Instagram
Уште еден Германец на списокот кој изгледа одлично – и тој игра за Ајнтрахт Франкфурт. Во 2018 година, фудбалерот се сврши со манекенката Изабел Голар, бразилска убавица која беше ангел на Викторија.
Оливие Жиру
View this post on Instagram
Сексапилниот Французин игра за Милан, а веќе десет години е во брак со Американката Џенифер со која има три деца.
Франциско Суарез
View this post on Instagram
Шпанскиот фудбалер сите го знаат по името Иско, а тој моментално настапува за Севиља. Тој е во врска со шпанската актерка Сара Саламо од 2017 година и заедно имаат две деца.
Нејмар да Силва Сантос
View this post on Instagram
Бразилецот кој настапува за Пари Сен Жермен е добро познат како голем заводник.
Го поврзуваа со бројни убавици, а пред две години и со хрватската манекенка Наталија Барулих.
Извор: kurir.rs/zadovoljna.rs