(Видео) Катар обвинет дека плаќа лажни навивачи, новинарите ограбени... Нова драма од контраверзното СП
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/22/22 9:45 AM

(Видео) Катар обвинет дека плаќа лажни навивачи, новинарите ограбени… Нова драма од контраверзното СП

Во Катар на новинарите им било забрането да снимаат, забрането да влегуваат на тренинзите на другите репрезентации, ги ограбувале…

Новинарите не се во поволна позиција, а сега и Катар се обидува да го оспори објавеното.

Врховниот комитет на Катар морал да реагира поради наводите дека на стадионот има лажни навивачи. Интересно е што не спомнале кој ја пренел таа информација, туку ги обвиниле сите новинари, поточно голем дел од нив …

„Голем број „новинари и коментатори“ на социјалните мрежи тврдат дека клиповите на фановите се всушност лажни и дека не се обожаватели, туку натрапници. Сметаме дека овие тврдења се разочарувачки. Навивачите на бројни репрезентации го нарекуваат Катар свој дом и придонесоа локалната атмосфера да го достигне својот врв со организирање паради низ земјата и со тоа пречекување на бројни гости“, се вели во соопштението.

Се тргнува од претпоставката дека има премногу исти луѓе на стадионите, иако не е исклучено да купиле цел пакет билети. Наводно, некои новинари тврдат дека Катар плаќа „лажни навивачи“ за да ја надополни атмосферата на улиците бидејќи голем број навивачи наводно го бојкотираат првенството поради големиот број повредени работници при изградбата на стадионот.

Еве едно навивање на „Англичаните“:

 

 

 

ИЗвор: ba.n1info.com

Фото: принтсрин видео Јутјуб


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7