Свети Нектариј Егински бил епископ на Александриската првославна црква, митрополит Пентаполиски како и првославен теолог и е прогласен за светител.
По заминувањето во пензија, живеел во Троичкиот манастир во Егина, кој го има основано и по кој и тој се нарекува Егински. Во текот на животот имал и доживеал разни предизвици и неправди, но како што пишува во книгите и покрај се тој имал големо смирение, а луѓето зборувале дека е со благ карактер и силен на зборови. Верниците го сметале за чудотворец, и се смета дека е заштитник на болните, а неговите мисли и духовни поуки можат да послужат како важни патокази на животниот пат.
Свети Нектариј Егински за љубовта зборувал на следниот начин: „Грижете се да имате љубов, секојдневно од Бога барајте љубов. Заедно со љубовта доаѓа сето богатство на добрини и особини. Сакајте, за да бидете сакани од другите, дајте му го на Бога целото ваше срце за да останете во љубов. Кој живее во љубов со Бог, и Бог престојува во него“- се зборови на Свети Нектариј Егински. Празникот посветен на овој светец верниците го одбележуваат на 22 ноември, а една негова порака не потсетува каде треба да ја бараме вистинската среќа.
„Колку се во заблуда луѓето кои ја бараат среќата надвор од себе-во странските земји и патувања, богатство и слава, голема власт и насладувања, задоволства и во празните нешта кои како свој крај имаат горчина! Да се гради тврдина на среќа надвор од сопственото срце е исто како и да се гради дом на место кое често е изложено на земјотреси. Среќата се наоѓа во нас самите и блажен е човекот кој тоа го разбира…
Среќа е – чисто срце, бидејќи таквото срце станува престол Божји. Господ за луѓето кои имаат чисто срце зборува: Ќе се вселам во нив и ќе живеам во нив и ќе им бидам Бог и они ќе бидат Мој народ“. Што на нив може уште да им недостасува? Ништо, навистина ништо! Бидејќи во своето срце го имаат најголемото богатство- Самиот Бог“.
Извор: sensa.mondo.rs
Фото: Принтскрин СПЦ