(видео)Јован Јанев: Проблемот со студенскиот оброк само ја прели чашата полна со студенски маки
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/19/22 4:00 PM

(видео)Јован Јанев: Проблемот со студенскиот оброк само ја прели чашата полна со студенски маки

Предлог-законот зо студенскиот оброк само ја прели чашата. Студентите се организираа затоа што имаат куп проблеми, но пред тоа како да имаше страв да се реагира и да се побараат правата кои што се есенцијални и загарантирани со уставот, кажа Јован Јанев студент од Универзитетот Гоце Делчев во денешното издание на емисијата Стадион, одговарајќи на прашањето зошто студентите не се организирале порано.

Тој смета дека многу поголем би бил успехот кога студентите и професорите меѓусебно си дадат поддршка, затоа што ги поврзува една заедничка институција а и самите професори се соочени со фактот што на ниво на Европа ги земаат најниските плати.

Според Јанев, во Штип има четири студентски домови од кои еден државен и три приватни и дека тука условите се многу подобри од тие во Скопје и другите градови каде што ги има. Власта која и да е, со години ветува изградба на студентски градови, последното ветување од деновиве дека ќе се градат четири такви, меѓу кои и во Штип.

Тој се согласува дека во моментов на студентите , барем кога станува збор за Скопје, за да влезат во подобро средените студентски домови мора да имаат врски.

„ Таков е случајот со студентскиот дом Гоце Делчев, во Стив Наумов може да влезат студенти од средната-ниска класа, а има и студенти од крупната олигархија, коишто си имаат станови во центарот на Скопје и со возат џипови до своите факултети,“ вели Јанев.

Тој им порача на студентите да читаат, да се едуцираат, да си ги знаат своите права, да не подлегнуваат на политички влијанија. Доколку самите не се изборите за своите права, никој нема да се избори за вас,“потенцира Јанев, во денешното гостување на емисијата Стадион на Канал 77.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7