Отсекогаш знаела како да реагира: Како Кејт Мидлтон го држи Вилијам подалеку од другите жени?
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/8/22 7:00 PM

Отсекогаш знаела како да реагира: Како Кејт Мидлтон го држи Вилијам подалеку од другите жени?

Љубовната приказна на Кејт Мидлтон и на принцот Вилијам уште од почетокот беше во центарот на вниманието на јавноста, со оглед на тоа дека тие се едни од најпознатите парови на светот.

Познато е дека тие двајца биле пријатели пред да ја почнат љубовната врска, а се запознале на колеџ. Вилијам како принц привлекувал големо внимание и несомнено ги мамел погледите на девојките.

Авторката на книгата „Кејт: Идната кралица“, Кети Никол открива интересни детали кои се однесуваат на нивното пријателство од студентските денови. Авторката на книгата дошла до овие сознанија благодарение на заедничка пријателка на Вилијам и Кејт.

„Се сеќавам на една ситуација кога една девојка му се додворуваше на Вилијам до таа мера што беше прилично непријатно. Тој беше пристоен како што е секогаш и никако не успеваше да се ослободи од неа. Се обидуваше на љубезен начин, но девојката не се откажа“, опишала таа.

На сцена настапила Кејт како „спасител“ на Вилијам.

Одеднаш Кејт нежно го прегрна Вилијам. Потоа тој ѝ рече на девојката „извини, но јас веќе имам девојка“ и си заминаа со Кејт смеејќи се.

Пријателката раскажала дека Вилијам ѝ бил неизмерно благодарен на Кејт бидејќи му направила голема услуга:

„Кејт беше единствената девојка во просторијата која можеше тоа да го направи и тоа само еден месец откако почнаа со студии“.

Со текот на времето меѓу нив се развило нешто повеќе од пријателство, додека по првата година од студиите одлучиле да изнајмат куќа заедно со уште двајца цимери каде живееле една година.

Потоа Вилијам и Кејт се преселиле во куќа на приватен имот, чиј сопственик бил далечен роднина на принцот вилијам.

„Кога ја сретнав Кејт за првпат, знаев дека постои нешто многу посебно во врска со неа, но некое време бевме само пријатели“, изјави Вилијам во едно интервју.

 

Извор: stil.kurir.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7