Настрадал додека поправал дома штекер - Од струен удар починал 53 годишен тетовец
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/8/22 1:05 PM

Настрадал додека поправал дома штекер – Од струен удар починал 53 годишен тетовец

Тетовската полиција информира дека кај нив е пријавен смртен случај кај 53 годишник од градот поради струен удар.

Човекот настрадал во својот дом додека поправал штекер.

-Вчера (7 ноември) во 18 часот во СВР Тетово пријавено е дека на Интерно одделение во тетовската Клиничка болница бил донесен починат 53-годишниот А.М., кој претходно доживеал струен удар додека поправал електричен штекер во неговиот дом на улица „Велешка“ во Тетово, информираат од СВР Тетово.

Извршен е увид, при што на телото на А.М. не биле констатирани траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител телото му било предадено на семeјството.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7