Актерката Ребел Вилсон доби ќерка од сурогат-мајка
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/8/22 9:56 AM

Актерката Ребел Вилсон доби ќерка од сурогат-мајка

 Австралиската комичарка, Ребел Вилсон го објави раѓањето на нејзината ќерка Ројс Лилијан, што минатата недела ја доби со помош на сурогат-мајка.

Актерката ја сподели својата радост на Инстаграм.

 „Не можам ни да ја опишам љубовта што ја имам кон неа, таа е прекрасно чудо! Засекогаш сум им благодарна на сите вклучени (знаете кој сте), за ова се подготвував со години… Но, особено сакам да ѝ се заблагодарам на мојата прекрасна сурогат-мајка”, напиша глумицата, која е на почеток од петтото десетлетие од својот живот.

Исто така, рече дека е подготвена да ѝ ја даде „сета љубов што можете да ја замислите” на малата Ројс Лилијан.

„Брзо учам… Многу почит до сите мајки! Горда што сум во вашиот клуб”, додаде Ребел.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rebel Wilson (@rebelwilson)

Вилсон во јуни откри дека е во врска со модната дизајнерка Рамона Агрум од Лос Анџелес.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7