(Галерија) Македонските ракометарки поразени од Холандија
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/7/22 10:30 PM

(Галерија) Македонските ракометарки поразени од Холандија

Македонската женска ракометна репрезентација загуби вечерва во Скопје од Холандија со високи 30-15 (17-9) во рамки на 2. коло во групата Ц на Европското првенство.

Македонските ракометарки во првото полувреме тешко го наоѓаа патот до холандскиот гол, што во комбинација со големиот број технички грешки и нереализирани удари од чисти позиции во нападот резултираше противничките да стекнат висока предност од осум голови на полувремето (17- 9).

Продолжението донесе резултатски израмнета игра до 42 минута кога при резултат 21-14, уследи голем пад во играта на македонските ракометарки, кои беа 16 минути без постигнат гол, а Холандија со серија од 8-0 на крајот дојде до убедлива победа.

Сара Ристовска со четири голови беше најефикасна во македонските редови, а Јована Мицевска на голот запиша пет одбрани.

Во првиот натпревар на Европското првенство кое се одржува во Скопје, Подгорица, Цеље и Љубљана, македонската репрезентација загуби од Франција (24-14) и шансите да го продолжи натпреварувањето ќе бара во 3. коло, в среда, против Романија, која вечерва од 20:30 часот игра против Франција.

МИА

Фото: Вангел Тануровски


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7