Единаесет француски бискупи обвинети за сексуално насилство - ММС
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/7/22 4:13 PM

Единаесет француски бискупи обвинети за сексуално насилство

Единаесет поранешни или актуелни француски бискупи се обвинети за сексуално насилство, вклучително и поранешниот бискуп од Бордо, кој признал дека нападнал малолетник пред 35 години, соопшти денеска висок црковен орган.

Обвинетите ќе се соочат или со граѓански случаи или со црковни дисциплински постапки, изјави на прес конференција надбискупот на Ремс, Ерик де Мулен-Бофор, претседател на Бискупската конференција на Франција.

Други детали не се соопштени.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7