Доаѓа крвава и полна месечина! Кои знаци ќе „пливаат“ во среќа и пари? - ММС
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/7/22 11:00 PM

Доаѓа крвава и полна месечина! Кои знаци ќе „пливаат“ во среќа и пари?

Утре нè очекува полна месечина во Бик, која ќе се совпадне со затемнување на Месечината – астролозите тврдат дека овој период секогаш е обоен со драматични промени и изненадувања.

Ова е четврто и последно затемнување во годината, а од астролошки аспект тоа значи многу интензивна енергија, многу хаос, пресврти во блиските врски, расипани планови, но носи и бројни лекции кои мораме да ги совладаме со цел да ја направиме нашата иднина подобра.

Веќе пишувавме за тоа кои четири знаци најмногу ќе ги погоди ова затемнување – тоа се Бикот, Лавот, Скорпијата и Водолијата, а еве три знаци за кои оваа полна месечина ќе биде многу релаксирачки период кој носи многу добри можности.

БЛИЗНАЦИ
За вас ова ќе биде мирен период кога ќе уживате сами, без претерано брзање и бркање по обврски. Потребен ви е одмор и релаксација, а ова се денови кога ќе можете да си го дозволите тоа. Во наредните денови едноставно уживајте, наполнете ги батериите и заборавете на проблемите – тие едноставно нема да постојат. Исто така, можно е да добиете некои неочекувани и многу добри вести поврзани со семејниот живот.

ДЕВИЦА
Ова затемнување е идеално за препуштање на вашите хоби – лесно би можеле да заработите пари од тоа, па искористете ја секоја прилика што ќе ви се појави. Финансиите вообичаено ќе ви бидат силни во овој период – можно е да добиете покачување или ненадејна добивка. Користете го ова затемнување за да ја израмните вашата блиска врска, деновите што следат ќе бидат обоени со разбирање и компромиси.

СТРЕЛЕЦ
Стрелецот ќе има многу среќа и добри шанси кога е во прашање кариерата и напредувањето на работа. Ќе ужива и во добра забава и убави, секојдневни ритуали. Оваа полна месечина ќе донесе и големи промени кога станува збор за начинот на кој се грижите за себе – можеби ќе направите физичка промена како промена на бојата на косата или ќе се осмелите да одите на диета или да пробате нов метод на вежбање. Свртете се, ова се денови кои ќе ви бидат поволни и ќе донесат задоволство.

 

Извор: Женаблиц


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7