Живеев во мал стан со родителите и брат ми: Исповед на Светозар Цветковиќ за кариерата, но и за децата
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/7/22 8:00 PM

Живеев во мал стан со родителите и брат ми: Исповед на Светозар Цветковиќ за кариерата, но и за децата

Светозар Цветковиќ неодамна гостуваше во српската телевизија Курир каде разговараше за приватниот живот и богатата кариера. Во интервјуто тој откри дека пораснал во мал стан заедно со родителите и својот брат.

„Моите родителите се од Лесковац, па од таму се преселиле во Белград каде што и сум роден Живеевме во мал стан. Првите осум години од животот ги поминав таму. Својот прв кадар го снимив на сто метри од тој стан 18 години подоцна“, истакна Цветковиќ.

„Јас и брат ми не бевме разгалени, но добро се чувствувавме. Имавме слобода благодарение на либералните ставови на нашиот татко, но и на дисциплината која ја спроведуваше нашата мајка на здрав начин“, истакна актерот.

Прашан дали има нешто за што ѝ замерува на мајка си, тој рече дека таа се жали оти не е доволно присутен секој ден колку што би требало да биде.

Светозар додаде дека според многумина, тој важи за арогантен човек.

„Тоа се позитивни конотации. Тоа ми го кажуваат сосема отворено, иако јас не сум арогантен. Можеби кријам некоја несигурност, малку се чувам, па така изгледа. Не пружам веднаш рака секому, не се смеам секому. Одам на сигурно. Моите пријателства се меки до границите до кои треба да дојдат“, изјави актерот.

Неговата најстара ќерка тргна по неговиот пат, но тој вели дека не ѝ дава совети.

„Таа е на таква возраст што не можете да ја предупредите за ништо. Таа работи како асистент на факултет. Некогаш сум нем на се што прави и секоја чест за неа. Помина времето на совети“, додаде тој.

Неговата помала ќерка исто така влезе во актерските води, додека неговиот син е посветен на науката.

„Клара во еден момент имаше многу голем однос кон тоа дека ќе тргне по патот кој е поврзан со сцената и филмот. Таа учествуваше во снимањето на две серии и тогаш имаше 12-13 години. Но како што поминуваше времето таа се откажа д тоа, па јас не сакам да влијаам врз неа или да ѝ правам притисок. Сама ќе си одлучи. Лука има 10 години и мислам дека ќе тргне по стапките на мојот брат. Омилено нешто му е математиката, сам наоѓа формули за решавање на разни задачи и тоа го возбудува. Исто така сака и програмирање и кибернетика, а игра и кошарка“, додаде Цветковиќ.

 

Извор: kurir.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7