„Бугарија да ги признае Македонците и нивните права“ - Трајанов ќе бара консензус од сите политички партии - ММС
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/7/22 1:49 PM

„Бугарија да ги признае Македонците и нивните права“ – Трајанов ќе бара консензус од сите политички партии

Во името на Демократскито сојуз ќе побарам прва точка на средбата да биде да упатиме силна заедничка порака до Бугарија да ги признаат Македонците како национална припадност и да ги остваруваат сите свои права, да се здружуваат, да формираат клубови, вклучително да можат да формираат и политички партии. Тоа значи асоцијации преку кои ќе можат да ги негуваат своите национални обележја, културни, историски, јазични и други обележја што ја карактеризираат една нација – изјави пред денешната лидерска средба во Собранието претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов.

Тој ќе бара политички консензус од сите политички партии затоа што, како што вели досега никој од државно – политичкиот врв не го покренува ова прашање.

„Никој не бара Македонците да ги добијат своите основни права како што ги имаат Бугарите и другите етнички заедници во Бугарија“, рече Трајанов.

Тој додаде дека нема ништо против тоа Бугарите да бидат дел од Уставот, но само на реципрочна основа односно „само да бидат признаени Македонците како национално малцинство и да бидат признаени нивните права на самоорганизирање”.

Претседателот на ДС рече дека на средбата ќе побара предвремени избори или пред избори да биде формирана влада на широка коалиција, потоа да има една изборна единица, но и сите креативни кадри да бидат вклучени во процесот на скриниг за да создадеме основни предуслови и претпоставки за формално почнување на преговорите со ЕУ.  Исто така ќе го отвори прашањето и околу функционирањето на системот во државата „бидејќи има огромно разочарување кај граѓаните дека не функционираат институциите ниту на централно ниту на локално ниво”.

 

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7