(Видео) Дубаи во пламен, гори зграда од 35 ката, веднаш до Бурџ Калифа - ММС
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/7/22 9:56 AM

(Видео) Дубаи во пламен, гори зграда од 35 ката, веднаш до Бурџ Калифа

Зградата  Емар Солитаире, која има 35 ката и која се наоѓа веднаш до познатиот Бурџ Калифа, највисоката зграда во светот, се запали рано утринава во Дубаи.

Во овој пожар делумно изгорел солитерот, јавуваат тамошните медиуми.

Пожарот е локализиран, но засега нема информации за жртви.
Зграда  му припаѓа на енергетскиот гигант Емаар.

Емаар и канцеларијата за медиуми на градот-држава Дубаи исто така не издадоа никакво соопштение.
Повикувајќи се на очевидци, локалните медиуми јавуваат дека пожарот започнал во долниот стан, а потоа се проширил нагоре, а итните служби брзо го изгаснале пламенот.

Наводно, утрото имало густ сообраќај бидејќи блиските улици во областа биле затворени.

Дубаи, градот на облакодери, извести за голем број пожари во своите високи згради во последниве години.

Инфо: Курир.рс

Фото: Твитер видео/некста тв


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7