(Видео) „Среќен роденден жено моја, те сакам многу“ - Српскиот зет ја воодушеви Ана и цела Србија - ММС
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/7/22 9:00 AM

(Видео) „Среќен роденден жено моја, те сакам многу“ – Српскиот зет ја воодушеви Ана и цела Србија

Бастијан Швајнштајгер, поранешен германски фудбалер, на чист српски јазик и честиташе роденден на сопругата Ана Ивановиќ, што ги воодушеви тамошните фанови.

Бастијан сними видео честитка која ја објави на социјалните мрежи, каде со насмевка и го честиташе роденденот на саканата на нејзиниот мајчин јазик.
„Среќен роденден жена ми, те сакам многу“, вели Бастијан во видеото.

Инаку, поранешниот фудбалер очигледно сака да ја посетува српската престолнина и родниот град на неговата сопруга. Така вчера објави фотографија од Калемегдан, за спомен, со опис:
„Белград секогаш вреди да се посети“.

За потсетување, поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ е во брак со фудбалерот Бастијан Швајнштајгер. Во 2018 година го добија синот Лука, додека следната година добија друг наследник Леон.

Извор: курир.рс

Фото: Инстаграм


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7