Карпов е во критична состојба, приклучен е на апарати - ММС
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/5/22 6:53 PM

Карпов е во критична состојба, приклучен е на апарати

Поранешниот светски шаховски првак Анатолиј Карпов е приклучен на респиратор и лекарите се борат за неговиот живот, објави „Известија“.

Според информациите од Москва, велемајсторот е хоспитализиран поради потрес на мозокот како резултат на пад пред својот дом.

Истовремено, се демантирани шпекулациите за евентуален физички напад врз шахистот.

„Известија“ објави дека на Карпов му биле дијагностицирани повеќе повреди, вклучително и хематоми на главата и неколку фрактури.

Седумдесет и едногодишниот Карпов првпат стана светски шампион во 1975 година.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7