Местото на обвинителите е во судница, а не пред камерите, вели Пауновска
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/5/22 4:39 PM

Местото на обвинителите е во судница, а не пред камерите, вели Пауновска

Обвинителката од Вишото обвинителство Гостивар и претендент за шефовското место во Обвинителството за организиран криминал и корупција, Деса Пауновска, вели дека најпрво не мислела да прави програма, но откако нејзините колеги направиле и таа доставила копии до јавните обвинителствата, за колегите ако сакаат да прочитаат и да гласаат на непосредното гласање.

Пауновска во емисијата „Стадион“ на Канал 77 во која беше заедно со суспендираната шефица Вилма Русковска, рече дека Русковска претерала со изјавите. Местото на обвинителите според неа е во судница, а не пред камерите.

– За сите предмети кои се медиумски покриени, не мора да дава изјава Вилма Русковска. Обвинителството има портпароли и има различни начини. Тој начин на давање изјави по судница, со микрофонот „што мислите вие за пресудата, дали се добри казните или не“, тоа е судска одлука, не се коментира. Некако се претера со таа транспарентност, вели Пауновска.

Запрашана од новинарот Столе Наумов како би поставувала таа, Пауновска рече дека таа би закажувала прес-конференции и никогаш не би зборувала за предмети на нејзините колеги.

Како предмети со силна тежина кои и даваат право да излезе пред колегите и да го бара шефовското место во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Пауноска ги наброја Бумеранг, Керозин, Агент и Македонски Железници. За тоа кои се овие предмети слушнете во видеото во продолжение


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7