(Видео) Трагедија! Пејачката Никол Жоси паднала по скали и починала
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/5/22 9:54 AM

(Видео) Трагедија! Пејачката Никол Жоси паднала по скали и починала

Никол Жоси, белгиска пејачка позната по учеството на Евровизија во 1973 година (каде Југославија ја претставуваше Здравко Чолиќ), паднала по скалите во својот дом и починала, според белгиските
медиуми.
Никол беше едната половина од дуото Никол и Хуго, познати во Белгија по хитовите „Гејеморген, морген“ и „Пасторале“.

Никол и Хуго исто така биле во брак – се запознале во 1970 година, а се венчале во 1971 година. Успешни биле и како сопружници и како деловни партнери – музичари.
– Нашата тајна е да се помириме и ги расчистиме работите пред спиење, секој пат кога ќе се расправаме – открила еднаш Никол.

Нивниот настап на Евровизија во 1973 година не заврши славно – иако привлекоа внимание со настапот во атрактивни костими, тие го зазедоа последното место со песната „Бејбе, дбејбе“.

Извор: новости.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7