Испитени над 300.000 кафиња, приготвени над половина милион оброци во рестораните, над милион паркирани автомобили- Прв роденден на Ист Гејт Мол
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/4/22 6:58 PM

Испитени над 300.000 кафиња, приготвени над половина милион оброци во рестораните, над милион паркирани автомобили- Прв роденден на Ист Гејт Мол

За овие 365 дена, од официјалното отворање на Ист Гејт Мол, трговскиот центар работеше со полна динамика и реализираше голем број на кампањи и настани, од кои најголем дел стануваат нова традиција.

Ова беше речено денес на новинарите по повод една година од отворањето на трговскиот центар Ист Гејт Мол, на која беше презентирана работата на центарот низ факти и бројки.

Трговскиот центар за  една година регистрираше голем број на домашни и странски посетители и се рангираше како најатрактивна урбана дестинација за забава, дружење и шопинг со уникатен микс на содржини и на брендови и ги надмина очекуваните предвидувања.

За време на викендите Ист Гејт Мол бележи висока посетеност од Косово и Јужна Србија.

Меѓу најуникатните настани изминатава година се вбројуваат трката Колорран, организирана во сорабаотка со атлетското друштво Korrunners во која учествуваа над 2000 пријавени лица, со што ја направивме првата трка во боја во нашата држава; ,,Italian Design Days” во соработка со Италијанската амбасада. Освен тоа во нивна организација за прв пат во нашата држава се случи настанот за електромобили со над 13 дистрибутери на електрични и хибридни возила, како и долго очекуваната и единствената продавница на H&M се отвори во август.

,,Уникатниот микс на содржини, брендови, активности, кои се единствени во државата како и естетика и комфор е она што го прави Ист Гејт Мол водечки центар што дополнително ги поттикнува посетителите да го посетат”, рече извршниот директор на Скопје Ист Гејт, Игор Давков.

Искажано преку бројки, додаде тој,  изминатата година во Ист Гејт Мол беа испитени над 300.000 кафиња, приготвени над половина милион оброци во рестораните, над 1 милион паркирани автомобили. Во трговскиот центар се наоѓаат 220 локали со 99% исполнетост и 40 киосци кои континуирано се во пораст. За сѐ ова се грижат над 2500 вработени лица кај закупците, а за хигиената, обезбедувањето и функционалноста на трговскиот центар се грижат над 1200 лица во три смени.

Овие бројки го заокружуваат она што е цел во следните години или 1001 причина да се посети Ист Гејт Мол како ,,Оne stop mall” каде што со една посета може да се извршат сите финансиски обврски како плаќање на сметки, поштенски услуги, но и одличен шопинг, широк избор на храна за сечиј вкус, богат избор на козметика, забава за сите возрасти, како и иновативен и уникатен фитнес центар.

До крајот на оваа година се планираат кампањите и настаните продолжуваат, а започнуваат со славењето на нашиот прв роденден овој викенд со многу подароци и попусти, потоа денови на италијанска кујна од 10 до 14 ноември, новогодишен и Божиќен базар и многу други активности.

Голем дел од посетителите доаѓаат со целото семејство каде најмалите уживаат во нашиот популарен електричен воз и игротеката, додека повозрасните имаат уникатно шопинг искуство како и место за забава и дружба.

-Ист Гејт Мол се заблагодарува на сите вработени, и на сите закупци во трговскиот центар, сите соработници, партнери, пријатели и медиуми со кои за оваа една година направивме многу, а планираме да реализираме уште многу проекти и настани заедно.” – додаде Извршниот директор на Скопје Ист Гејт, Игор Давков.

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7