Чао Пике! Утре го игра последниот меч
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/4/22 5:22 PM

Чао Пике! Утре го игра последниот меч

Претстојниот натпревар меѓу Барселона и Алмерија, в сабота во рамки на 13. коло во Ла Лига, ќе биде последен во кариерата на легендарниот дефанзивец на каталонскиот гигант Жерар Пике (35).

Своето неочекувано збогување со професионалниот фудбал, 35-годишниот Пике го најави во видеопорака на социјалните мрежи.

-Време е да ви кажам дека дојде крај на патувањето, порача Пике во видеото на Твитер.

-Саботниот натпревар ќе ми биде последен на Камп Ноу, а после Барселона нема да играм за ниту еден друг клуб. Ќе станам уште еден навивач и ќе се обидам да му ја пренесам на мојот син љубовта кон Барселона, објави Пике


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7