Има 12 години, а запиша докторат - Кој е Лоран Симонс, малиот Ајнштајн од Белгија
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/4/22 9:56 AM

Има 12 години, а запиша докторат – Кој е Лоран Симонс, малиот Ајнштајн од Белгија

Лоран Симонс од Белгија, по завршувањето на магистерските студии по квантна физика, ќе запише на докторат… Иако има само 12 години.

Таткото на детето, Александар Симонс изјави дека момчето се запишува на докторска студија за природни науки на германскиот Истражувачки институт „Макс Планк“. Се наведува дека програмата ќе вклучува хемија, медицина и физика, па момчето голем дел од времето ќе го минува во лабораторија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Laurent Simons (@laurent_simons)


Лоран, кого го нарекуваат и „Малиот Ајнштајн“, е роден во градот Остенде, основно училиште завршил на шест години, а матурирал на 11 години. Летово на 12 години ги заврши магистерските студии на Универзитетот во Антверпен.

Момчето веќе соработува во научни експерименти и истражувања на Институтот.

МИА
Фото: Инстаграм


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7