„Во тоалет одев низ прозор, не даваше да одам низ вилата“ - Куќна помошничка го тужи Џеф Безос
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/4/22 9:38 AM

„Во тоалет одев низ прозор, не даваше да одам низ вилата“ – Куќна помошничка го тужи Џеф Безос

Поранешна куќна помошничка поднела тужба против вториот најбогат човек на светот Џеф Безос (58) поради дискриминација и лоши услови за работа.

Мерцедес Веда во тужбата навела дека „морала да работи 14 часа на ден без пауза во нехигиенски услови“. Веда била куќна помошничка во резиденцијата на Безос во Сиетл. Работела речиси три години во кои, како што тврди, била дискриминирана поради расата, а кога се пожалила, неправедно добила отказ, пишува Дејли мејл.

Таа и другиот персонал морале да излегуваат преку прозорецот на резиденцијата за да  отидат во тоалетот бидејќи не им било дозволено да ги користат бањите во вилата. Освен тоа, не смееле да користат паузи за ручек, што е наведено и во тужбата, но адвокатот на Безос ги отфрли ваквите наводи велејќи дека за нив нема никаква основа.

Тужбата, поднесена од поранешен помошник, се однесува на Безос и две компании кои се грижеле за неговиот персонал и имот. Таа работела во резиденцијата во Сиетл, но доколку било потребно,  морала да ги средува и чисти другите имоти на основачот на Амазон.

Џеф Безос ја купил резиденцијата во луксузната населба Медина во 1998 година, а наводно платил околу 10 милиони долари за неа.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7