Трагедија! Девојката на видео повик гледала како дечко ѝ умира
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/3/22 10:40 AM

Трагедија! Девојката на видео повик гледала како дечко ѝ умира

Трагична несреќа се случила минатиот месец во Лондон.

Џејмс Ист (25) паднал од мостот во реката Темза, а на настанот присуствувала и неговата девојка која во тој момент била на видео повик со него.

Арабела Ешфилд го одвела Џејмс до таксито каде го чекала. Тие требало да го прослават 18-от роденден на нејзината сестра. Џејмс се обидел да седне на ѕидот на мостот, но погрешно ја проценил неговата длабочина и паднал наназад, удирајќи со главата.


– Беше во вода 50 минути кога го пронајдоа и го однесоа во болница каде три часа се обидуваа да му го спасат животот – изјавиле за Дејли Мејл членовите на семејството на Џејмс.

Дури по обдукцијата било откриено дека Џејмс починал од повреди на главата пред да падне во вода. Лекарите тоа не го знаеле кога првпат бил примен во болница и претпоставувале дека се удавил. Неговото семејство е уништено, но тие велат дека се уште не разбираат што се случило и дека неговата девојка сигурно минува низ пекол.

Џејмс бил страствен спортист, сакал да игра фудбал, а една недела по неговата смрт требало да трча на Лондонскиот маратон.

– Тој беше срцето и душата на неговата група пријатели, но за нас дома беше совршен. Беше полн со љубов, ја обожаваше својата внука – рекла сестрата на починатиот млад човек.

 

Фото: Твитер


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7