Сте пиеле ли кафе во корнет? Ова задоволство чини 10 евра
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/8/22 5:11 PM

Сте пиеле ли кафе во корнет? Ова задоволство чини 10 евра

– Виена е позната по многу нешта, но се чини, само сладокусците знаат за кафето „Фенстерчино“, со уникатен вкус и со повеќе чоколадо, коешто се служи на невообичаен, но симпатичен начин – во корнет.

Оваа услуга се нуди во кафулето „Фенстер кафѐ“ (Fenster cafe), кое, според реакциите на интернет, веднаш ги освои туристите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Best coffee in Vienna (@fenstercafe)


И посетителите на „Трипедвајзор“ (TripAdvisor), велат дека, на пр., кафето во корнет вреди „за секој потрошен денар“. А, тоа, инаку, чини 10 евра, што го прави најскапото кафе во австриската престолнина.

Покрај ова уникатно кафе во корнет, во кафулето може да се најдат и можности за сечиј џеб, како на пр. – „еспресото“ од 95 евроценти.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7