Кеба се пензионирал, пензијата му е 23.000 денари - Саша Поповиќ има најголема пензија
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/3/22 8:36 AM

Кеба се пензионирал, пензијата му е 23.000 денари – Саша Поповиќ има најголема пензија

Познатиот српски пејач Драган Којиќ Кеба се пензионирал и во иднина ќе добива околу 23.000 денари месечно, дознава српски Курир.

Фолкерот лани наполнил 65 години и тогаш веќе имал право на пензија, но барањето до Фондот на ПИО го доставил дури во февруари 2022 година.
Кеба со години работел преку својата фирма „Кебони“ преку која плаќал данок на државата, а имал и статус на истакнат уметник, па се претпоставува дека на овој начин ги исполнувал законските норми за пензионирање.
Меѓу естрадните ѕвезди пензија добиваат и Саша Поповиќ (700 евра), Злата Петровиќ (17.000 денари, плус пензија од Австрија 800 евра), Нада Обриќ (8.000 денари), Хасан Дудиќ, Бора Ѓорѓевиќ (народна пензија), Нада Топчагиќ 17.000 динари), Раде Јоровиќ (12.000 динари), како и актерите Богдан Диклиќ, Лаза Ристовски, Воислав Брајовиќ и други.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7