„Секогаш одете на второ мислење кај лекар“ - Нова животна битка на Шерон Стоун, има тумор
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/3/22 8:21 AM

„Секогаш одете на второ мислење кај лекар“ – Нова животна битка на Шерон Стоун, има тумор

Актерката Шерон Стоун ја загрижи јавноста објавувајќи на Твитер дека и е дијагностициран тумор.

„Штотуку имав уште една погрешна дијагноза и погрешна операција“, напиша актерката, а потоа откри:

„Овој пат двојна епидурална. Бидејќи болката се влошуваше, отидов на второ мислење. Имам голем фиброиден тумор кој треба да се отстрани“.

Познатата актерка потоа испрати моќна порака:
„Особено дами: не се преправајте дека не е важно, добијте второ мислење. Тоа може да ви го спаси животот. Ќе ми требаат четири до шест недели за целосно да се опоравам. Ви благодарам на сите за грижата. Сè е добро“.

Шерон доби голема поддршка од обожавателите кои и испратија еден куп пораки и желби за брзо закрепнување.

Што се фиброидни тумори? Станува збор за цврсти тумори направени од фиброзно ткиво, па оттука и името „фиброиден“ тумор. Најчесто се појавуваат како повеќе туморски маси кои растат бавно и често не предизвикуваат симптоми.
Како што напомена Шерон, здравствената заштита мора да биде на прво место, а редовните гинеколошки прегледи или одењето на лекар поради појава на некакви тегоби мора да бидат задолжителни за секоја жена.

Шерон Стоун и претходно водела здравствени битки, во 2001 година доживеа тежок мозочен удар, лекарите и дадоа еден процент шанса за преживување. Таа рече дека закрепнувањето било многу тешко.

Кога имала 14 години, ја удрил гром.
„Бев дома и ја полнев пеглата со вода и гром удри во бунарот што го имаме во дворот. Едната рака ми беше уште под вода, а другата на пеглата и одеднаш – удри гром, а водата беше проводник. Среќа што дома беше мајка ми која ме спаси“, рекла еднаш актерката.

Таа во јуни годинава во интервју за „Пипл“ откри дека имала девет спонтани абортуси.

„Ние жените немаме форум за да разговараме за длабочината на таквата загуба. А јас изгубив девет деца. Не е мала работа, тешко е и физички и емоционално, но принудени сме да мислиме дека абортусот е нешто што треба  да поднесуваме сами, тајно, како сопствен неуспех, наместо да ја добиеме потребната емпатија и исцеление“, истакна таа.

Извор: Курир.рс

Фото: Принтскрин


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7