Убиле маж со даунов синдром, им требало човечки труп, потоа во капелата слушнале тропање: Невообичаен злостор во Кина
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/3/22 9:03 PM

Убиле маж со даунов синдром, им требало човечки труп, потоа во капелата слушнале тропање: Невообичаен злостор во Кина

Познат е дека погребите во многу делови на Кина се забранети, па телата на починатите наместо да бидат закопани, се кремираат.

Токму ова правило довело до еден необичен случај. По смртта на нивниот син, родителите дошле до една невообичаена идеја со цел да го задржат телото на покојникот. Семејството ангажирало луѓе кои ќе најдат тело за замена и кое би било кремирано, наместо телото на нивниот син.

Имено, Кинез со даунов синдром бил киднапиран и убиен во 2017-та година за да биде кремиран, бидејќи семејството сакало да го закопа својот син, иако тоа било спротивно од тамошните правила. Сепак, семејството не се надевало дека мажот кој го изнајмиле за да пронајде труп, ќе направи злосторство. Забележувајќи маж со даунов синдром на улица, Хуанг го повикал во автомобилот и му дал алкохол терајќи го да пие сѐ додека не се онесвести. Потоа телото на својата жртва го ставил во ковчег и неколку дена подоцна го „проследил“ до семејството за пари – пренесува Newser.

Семејството организирало погреб во капела, каде што се собрале најблиските и покрај тоа што знаеле дека нивниот роднина не е во ковчегот, туку дека таму е телото на друг маж. Најбизарната работа се случила на самото испраќање кога одеднаш се слушнало тропање од ковчегот. Луѓето кои биле во капелата се шокирале, а на некои од нив од страв им се слошило. Меѓутоа ги убедиле дека бучавата доаѓа поради наводни работи на приземјето. Потоа се случило и најсуровото нешто – ковчегот бил кремиран иако семејството знаело дека во него има убиен и сосема непознат човек.

Две години подоцна полицијата го открила злосторството.

На полицијата ѝ биле потребни две години па и повеќе за да им влезе в трага на обвинетите. Случајот добил судски епилог во 2020, а Хуанг, човекот кој го сторил убиството е осуден на условна смртна казна, на која се жал. Судот ја одбил жалбата. Семејството кое го ангажирало Хуанг е прогласено за виновно за „навреда на труп“, но не добило затворска казна.

 

Извор: stil.kurir.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7