Цела држава врие од марихуана - МВР приведе лица во Скопје, Дебар, Тетово...
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/2/22 12:48 PM

Цела држава врие од марихуана – МВР приведе лица во Скопје, Дебар, Тетово…

Според информациите од МВР во текот на вчерашниот ден проведени се лица од повеќе градови во државава, кај кои е пронајдена марихуана.

Прочитајте каде се се пренесувала дрогата:

-Полициски службеници од ОВР Дебар вчера во 16:50 часот на улица „Вељко Влаховиќ“ во Дебар ги лишиле од слобода А.К.(19), А.Ч.(19) и Е.М.(24), сите од Косово, затоа што при преглед кај нив, кај А.К. била пронајдена и одземена марихуана. Во врска со настанот биле преземени дополнителни мерки, по што бил приведен Л.А.(31) од Дебар за кој постои сомнение дека им ја продал дрогата. По целосно расчистување и документирање на случајот, ОВР Дебар ќе поднесе соодветни пријави.

-Полициски службеници на СВР Тетово вчера околу 21:30 часот на улица „Илинденска“ во Тетово го лишиле од слобода 22-годишниот тетовец Ќ.Б. затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

-Полициски службеници на СВР Тетово вчера околу 14:05 часот на улица „Љубо Божиновски–Пиш“ во Тетово лишиле од слобода малолетник од тетовски Лешок затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. Се документира случајот и против малолетникот ќе следува поднесок.

-Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје утринава во 3:30 часот во Скопје, на патот за Сончев град, го лишиле од слобода Д.М.(20) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

-Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје синоќа во 0:30 часот на подрачјето на Аеродром го лишиле од слобода М.Г.(22) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

-Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје синоќа во 0:10 часот на подрачјето на Чаир го лишиле од слобода Е.А.(22) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

-Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера во 6:30 часот на подрачјето на Аеродром го лишиле од слобода М.М.(21) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

-Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера во 12:25 часот на подрачјето на Карпош го лишиле од слобода Б.К.(42) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7