Беснеел во авионот и сакал да го тепа екипажот - Уапсен насилник од Косово на аеродромот во Скопје - ММС
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/2/22 12:42 PM

Беснеел во авионот и сакал да го тепа екипажот – Уапсен насилник од Косово на аеродромот во Скопје

На меѓународниот аеродром Скопје вчера полицијата уапсила маж од Косово, кој правел проблеми на летото Брисел-Скопје, а се обидел и да истепа член на екипажот.

Полициски службеници вчера во 12:00 часот на граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје“ го привеле М.Ц.(45) од Косово затоа што додека патувал во воздухоплов на релација Брисел – Скопје агресивно се однесувал и се обидел физички да нападне едно лице од екипажот, а потоа агресивно се однесувал и кон полициските службеници кои вршеле службени дејствија.  По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7