(Видео) Куче ја пронајде скриената дрога - Како МВР пресече меѓународен канал вреден околу 250.000 евра
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/2/22 11:11 AM

(Видео) Куче ја пронајде скриената дрога – Како МВР пресече меѓународен канал вреден околу 250.000 евра

Вчера Единицата за недозволена трговија со дрога, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при Одделот за криминалистичка полиција во координација со СВР Велес и Царинската управа, пресече меѓународен транспорт на наркотични дроги и запленети се околу 67 килограми марихуана, со проценета вредност од околу 250.000 евра.

-По добиени информации за можен транспорт на наркотични дроги Единицата за недозволена трговија со дрога презема интензивни мерки за проверка и анализа, при што е дојдено до информации и утврдување на идентитетот на лицето кое е инволвирано во вршење на транспортот.  Веднаш по ова, координирани се полициски службеници од Отсекот за дрога при СВР Велес кои околу 15.30 часот на наплатна станица Отовица, во правец на Скопје, запреле возило „фолксваген туран“ со скопски регистерски ознаки, управувано од Д.Ј.(46) од Скопје.

https://www.youtube.com/shorts/voFh6S1vyNI

Под сомнение дека со возилото се пренесува наркотична дрога, тоа е пренесено на Граничен премин Блаце, каде  тим од мобилна царина  со употреба на службено царинско куче, изврши детален преглед и во возилото е откриен специјално направен простор-бункер во подот од возилото, вклучувајќи го и подот од багажниот простор, како и резервоарот од самото возило, кои биле исполнети со повеќе пакувања со марихуана во количина од околу 67 килограми, соопшти портпаролот на МВР, Сузана Прањиќ Талевска.

Лицето за паричен надомест од 2.500 евра требало со неговото возило да ја транспортира дрогата од Република Албанија, преку територијата на нашата земја, до Република Турција како крајна дестинација. Денеска (02.11.2022) од страна на СВР Велес до надлежното ОЈО Велес ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик, а лицето ќе биде спроведено пред судија на претходна постапка од Основен суд Велес.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7